Платите на уметниците за еден месец намалени за 10 %, во јавна управа и одбрана за 4,2 %

од desk3
81 прегледи

За еден месец драстично се намалени платите во уметноста, но и во јавната администрација и одбраната, како и на трговците, се дознава од извештајот на Државниот завод за статистика.

pari-denari-540x405

Во август намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (10,2%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4,2%) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4,2%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули годинава, изнесува 21.861 денари. Во овој месец 1,7% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Инаку, на годишно ниво, месечната исплатена нето плата во јули годинава била за 2,4 отсто поголема отколку во јули 2014 година.