Текстот на Законот за либерализација на пазарот за електронски комуникации се договара и усогласува со компанијата-ќерка на Маѓар телеком во Македонија, МакТел речиси цела 2004 година. Но, на крајот на годината, за неполни десет дена, во Собрание влегува верзија која е неповолна за компанијата која дотогаш има монопол на пазарот, покажуваат документите, сведоштвата и преписките кои се дел од доказниот материјал пред судот во Њујорк- пренесува ПРИЗМА во воторот издание за аферата “Маѓар телеком”
Либерализација на телекомуникациите е еден од условите за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската унија. Во тоа време на македонскиот пазар фигурира само една компанија МакТел, некогашната државна компанија за телекомуникации која е приватизирана во 2001 и продадена на Маѓар Телеком.
Монопол на пазарот е неприфатлив за ЕУ и Брисел инсистира да се донесе нов закон за телекомуникации што ќе го либерализира пазарот. Одложувањето на оваа постапка за државата станува се потешко со оглед на тоа што во Брисел се разгледува апликацијата за кандидатски статус во ЕУ поднесена во март 2004 година.
Писмото кое тогашниот прв извршен директор на Матав во Скопје, Атила Сендреи, му го испратил на 16 јануари 2005 година на Дејан Силјановски, тогашен извршен директор на регулаторното тело на МакТел, го дава целиот историјат на приказната за либерализација на македонскиот пазар на телекомуникации, што сега се подведува под името „афера Телеком“.
Нејзините корени се во последните две недели од 2004 година кога новиот закон што значеше либерализирање и демонополизација на пазарот на телекомуникациските услуги што се влечкаше со години, се усвојува преку ноќ, оставајќи ги првите луѓе на монополот на Маѓар Телеком комплетно збунети и со барање одговори „што навистина се случи“.
Хронолошки распоред на настаните во писмото на Атила Сендреи
Во декември 2003, МакТел, како што пишува Сендреи во писмото во кое ги рекапитулира настаните, бара од Владата подготовка на нацрт закон за телекомуникации најдоцна до јуни 2004 што на МакТел, ќе му даде време да се подготви за либерализација на пазарот, „Подготвивме скелет на законот и план за негова имплементација“, му пишува Сендреи на Силјановски.
Повеќе ТУКА
