Скандалозниот милијардер Сорос понуди 6 точки за решавање на кризата со бегалците

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Зголемувањето na бранови на бегалци, кои  ja преплавиja  Европа,  му донесоа на Стариот континент комплетна  политичка криза. Време е земјите од Европската унија да заборават на егоизмот, да се обединат и да лачат суштинско финансирање за надминување на проблемот, пишува Џорџ Сорос во project-syndicate.org.

20150929.wsyyjjuolc

Скандалозниот милијардер, кој стои зад фондацијата “Отворено општество”, дава такт како да се реши проблемот.Според унгарскиот Евреин со американски пасош, виновен за ситуацијата е Брисел, кој би требало да си ја  земе врз себе одговорноста за недостигот на единствена политика при обезбедување на азил на мигрантите. “Откако актуелната криза започна во Сирија, токму сириските бегалци треба да станат главен приоритет, но без да се заборави и за другите лица, баратели на азил”, пишува милијардерот.

Еве и неговите шест точки кои можат да помогнат за решавање на кризата со бегалците:

1. ЕУ треба да се подготви и да прифати барем 1 милион од луѓето кои бегаат од жариштата на војната. За таа цел  е потребно соодветно финансирање. Брисел треба да обезбеди 15 000 евра за секој кој бара азил во регионот, како оваа сума ќе му  помогне на луѓето да си најдат  сместување, да добијат медицинска нега и образование. Тоа значи 15 милијарди евра годишно и за да се најде, ЕУ може да пушти долгорочни должнички обврзници.

2. Брисел е должен да го предводи светските напори за финансирање на Либан, Јордан и Турција, за да можат овие држави да  прифатат и задржат 4 милиони бегалци, кои и сега се на нивна територија. За овие луѓе се потребни 5.000 евра на секој, за да им се обезбедат  минималните услови за живот. Тоа се уште 20 милијарди евра, додека во моментов помош за Турција, која е најголема е во износ од 1 милијарда евра годишно. Треба да бидат креирани и специјални економски зони во Тунис и Мароко, за да се создадат работни места за локалното население, а и за бегалците . Уделот на Брисел за тоа треба да е 8-10 милијарди евра, останатите пари треба да дојдат од САД и други земји.

3. Брисел треба да пристапи кон создавање на единствена Европска Агенција за мигранти и да започне изградбата на единствена гранична контрола. Требаат нови правила за вработување на бегалци, како и за враќање на луѓе кои не ги исполнуваат условите.

4. Треба да се обезбедат безбедни канали за баратели на азил во Европа, почнувајќи од нивниот прием во Грција и Италија и движењето до други европски земји. Ова ќе гои намали опасните обиди да се достигне Европа по море, при што загинуваат многу невини луѓе. Во оваа активност Турција има да игра одлучувачка улога.

5.Оперативните финансиски обврски на ЕУ треба да станат светски стандард за однос кон луѓето кои бараат азил во друга земја, различна од нивната родна.

6.Брисел треба да го  мобилизира приватниот сектор, ако сака да интегрира успешно по 1 милион луѓе секоја година. Станува збор за невладини организации, различни вери, бизниси кои можат да станат и спонзори на некои од активностите. Европската унија е должна  да има своја заедничка политика за азил на мигранти, која треба да стави крај на паника и вишокот човечки страдања.