На интернет мрежите голема дебата за видеото , направено од американката Кори Мезо од Детроит, жената која ја сними реакцијата на својот трансескуален син на доста необичен подарок – првата доза женски хормон естроген.

Синот на Кори Ерик побарал да стане девојка во петто одделение, откако го гледал клип со транссексуалецот Џез Џенингс ..Мајката го поддржала синот во неговите намери и му помогнала да започне постапката за промена на полот. Ерик бил примен во болница во Чикаго, каде лекарите му ги блокирале неговиот машки хормонален развој и му препишале естроген терапија . Првата доза од лекот за Ерик која мајка му му ја подарила , е снимена на клип . На снимката момчето, отворајќи го подарок, почнува да плаче од радост и се фрла да ја прегрнува својата мајка. Спотот е гледан веќе над 4 милиони пати. Некои од интернет корисниците го поддржуваат Ерик, кој ќе стане Ерика. Други ја напаѓаат него и мајка му со жестоки критики.
Самата жена изјавува дека нејзиниот син бил малтретиран на училиште, кога почнал да носи фустани. Затоа некое време морал тој да помине на домашна форма на обука. Во моментов Ерик повторно оди на училиште. Сега тој е 8-то одделение.