Руските воздушни напади во Сирија ќе продолжат 3-4 месеци и ќе бидат засилени. Ова го изјави претседателот на Комисијата за надворешна политика кон долниот дом на рускиот парламент, Државната дума, Алексеј Пушков пред радио Europe 1, цитиран од “Франс прес”.
“Секогаш постои ризик од пречки, но во Москва се зборува операциите да продолжат три до четири месеци”, истакна Пушков.
Тој одговори на критиките на САД и други држави, дека Русија не ги бомбардираат “Исламска држава”, туку сириската опозиција и цивилите.
Коалицијата предводена од САД цела година се преправаше дека ја бомбардира “Исламска држава”, истакна тој.
Пушков напиша на “Твитер” со негодување дека “чудна коалиција” во лицето на Саудиска Арабија и Украина ги осудуваат “нашите активности” во Сирија.
Потсетуваме во средината на неделата Русија започна воздушни операции во Сирија, кои ги поддржуваат силите на сирискиот претседател Башар Асад. Според Москва активностите се насочени против сите терористи, вклучувајќи и “Исламска држава”.
Пушков зборуваше неколку часа пред рускиот претседател Владимир Путин да одчета за Париз, каде што ќе води преговори со лидерите на Франција, Германија и Украина за ситуацијата во Сирија и Украина.