Договорена откупната цена на оризот

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Килограм арпа да се откупува по 25 денари, а бел ориз од 55 до 60 денари во зависност од квалитетот, договорија преставници на призводителите, отклупувачите и преработувачите на синоќешниот заеднички состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и вдоостопанство.

oriz-1

– Земјоделците од Кочанскиот регион се задоволни од постигнатата цена, изјави Драгољуб Гаврилов, земјоделец од село Чешиново кој ја предводеше делегацијата на оризопроизводители на средбата во Скопје.

Жетвата на оризот во Кочанскиот регион ќе почне за десетина дена. Од насеаните 4.500 хектари се очекува род од 27.000 тони арпа.