(ВИДЕО) Текстилците до Заев: Работиме и сабота и недела. Имаме многу ниски плати. Немаме 20 дена одмор како сите, туку само по 10 дена

од desk3
103 прегледи

 

Штип е град на обесправени и сиромашни текстилни работници, на корисници на социјална помош од по 1000 денари, на родители кои тагуваат по децата во странство, или кои ги гледаат своите деца како со завршени факултети седат дома. Ова се проблемите што ги споделија дел од граѓаните со претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој вчера заедно со членови на Извршниот одбор на партијата и претставници на општинското раководство, денот го помина во Штип.

Текстилна работничка му пријде на Заев.

-Работиме и сабота и недела. Имаме многу ниски плати. Немаме 20 дена одмор како сите, туку само по 10 дена, поврзувајки овде празници и викенди. Зарем е тоа по закон? Ако застанете зад правата на работниците, како што ве гледаме дека работите, ќе ви ја довериме нашата поддршка, рече жената.

sredba_Stipslika6

Заев се сретна со граѓани на пазарот кои се пожалија на ниски откупни цени на родот што го одгледуваат. Со младите разговараше за причините за иселувањата. Најголемиот проблем младите го посочуваат во бесперспективноста.

Го посети и Ромското маало.

-Какво покачување на социјалнаат помош е тоа од 5 отсто, на 1000 денари тоа е 25 денари, што можеме да направиме со тие пари, говореа луѓето таму.

sredba_Stipslika2

Во пензионерскиот дом истото го коментираа пензионерите. Велат дека Владата не го почитува законското нивелирање на пезниите, туку само од интерес кога мора се фали со покачувања што се помали од законски предвидените и им следуваат по закон.

sredba_Stip7

-Ние затоа велиме дека правично општество е решение. Богатите да плаќаат повеќе даноци, сиромашните помалку. Да се почитува законот и за пензии и за социјалната помош. Затоа предлагаме зголемување на минималната плата, зашто тоа ќе повлече спирала на покачувања на платите. Парите ќе ги вратиме кон граѓаните, средна класа е решение, зборуваше претсеадтелот Заев.

sredba_Stip4

Тој на собирот во населбата 13 ноември порача:

-Народот е разбуден, несреќен е, заедно можеме да се избориме, порача претсеадтелот Зоран Заев во Штип.