(ВИДЕО) Острени застана на чело на “Унитети”: Албанските парламентарни партии се вазали на ВМРО-ДПМНЕ

од desk3
172 прегледи

Поранешниот началник на ГШ на ОНА генерал Гзим Острени денес ја официјализираше новата политичка партија,”Унитети”. Oстрени беше најблискиот соработник на Aли Aхмети. Со него е и актуелниот пратеник Зулфи Адели, неколку поранешни функционери од третиот ешалон на ДУИ.

“Идеите на нашите партии се контролирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ и со обидот да се обезбеди монопол за себе, Албанците се чувствуваат несигурни за прашања за кои гласаа претставници. Охридскиот договор не се имплементира, бидејќи тие се заколнале дека ќе бидат лојални на државните органи. Цениме дека албанските парламентарни партии се вазали на ВМРО-ДПМНЕ “, рече меѓу другото Острени.