Со добро реорганизирање и ревизија на избирачкиот список каков што е сега и со помош на експерти можно е да се подобри списокот, да се отстранат грешките, да нема дупликати итн. Ако подготовките започнат сега, многу е можно да се заврши на време пред изборите, вели амбасадорката на ОБСЕ во Македонија Нина Суомалајнен во неделното интервју на Радио Слободна Европа

Мисијата на ОБСЕ во Скопје е во земјава од раните деведесетти и секако нашиот мандат е малку изменет со тек на времето, но главните делови од нашиот мандат се да помогнеме во меѓуетничкиот дијалог, да создаваме конструктивни меѓуетнички релации и дијалог, да помогнеме во спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, но исто така да бидеме организација за рано предупредување и градење доверба, превенција на конфликти, доколку постојат тензии. Тоа се главните делови од мандатот и секако тоа го дискутирав со сите претставници на власта и опозицијата и други соговорници со кои се сретнав вели Суомалајнен
Амбасадорке, на секои избори проблем е избирачкиот список и сега се разговара за конкретниот начин на прочистување, активна регистрација или теренска проверка. Возможно ли е за краток период колку што останува до изборите тој реално да се прочисти?
Мислам дека секако постои можност за подобрување на избирачкиот список, да се направи целосно нов, знаете има такви кои велат дека времето е кратко, но и такви кои велат дека доколку се направи ефикасно има време. Јас нема да заземам став во однос на ова прашање, но исто така со добро реорганизирање и ревизија на избирачкиот список каков што е сега и со помош на експерти можно е да се подобри списокот, да се отстранат грешките, да нема дупликати итн. Ако подготовките започнат сега, многу е можно да се заврши на време пред изборите.
Исто така улогата на јавниот сервис или компанија како и да се вика во различни земји, мислам дека е многу важна. Тоа е многу важно и јавните сервиси имаат многу важна улога и исто така мислам во оваа земја има голема важност.