Изборната регулатива и натаму само дебата за преговарачките тимови

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Точно на пладне  денеска продолжија  со работа работната група за изборната регулатива, јави 24 Вести.img-size400x400-82050120928151542

Според извори од преговарачките тимови, посредникот Питер Ванхауте инсистирал  на прашањето за мандатите на дијаспората да се затвори денеска, поради краткиот краен рок до 6 октомври за негово решавање.

Дотогаш треба да бидат договорени и составот и надлежностите на Државната изборна комисија, како и прочистувањето на избирачкиот список.

Според информациите, партиите и понатаму се на различни позиции по скоро сите прашања, па веројатно и овој корпус на прашања ќе бидат договорени во последен момент.