Големи надежи и нов момент за промена на политичката сцена на Албанците гледа експертската јавност во формирањето на новата политичка партија Унитети или Единствно на чие чело е поранешниот командант на ОНА Гзим Острени, пишува 24 Вести

Според нив ова е очекуван исход поради сите случувања и скандали во ДУИ иако, како што велат изненадува тоа што токму Острени кој важи за близок човек на Ахмети го направи расцепот во партијата. Целата активност, најавите за отцепување па и вчерашната промоција на новата партија помина тивко и без никакви напади и коментари од ДУИ, што фрла сомнеж за можно сценарио Острени да формира демек нов политички субјект кој ќе ги собере незадоволните членови и гласачи на партијата.
Партијата Унитети вчера ја имаше својата промоција на која Острени рече дека иницијативата за нова партијата потекнала заради тоа што ДУИ и ДПА се вазали на ВМРО-ДПМНЕ и дека целта е граѓаните да добијат нова алтернатива. Сличен потрес минатата година доживеа и ДПА кога од партијата се отцепи градоначалникот на Струга Зијадин Села.