Од водите на Средоземното Море во последниве пет дена на либискиот брег биле исфрлени најмалку 95 безживотни тела, за кои се претпоставува дека им припаѓаат на удавени илегални имигранти, соопшти претставник на Црвената полумесечина на Либија.

Според него, 85 од телата биле пронајдени во близина на либискиот главен град Триполи, а десет кај местото Санрата, кое важи за главна појдовна точка на бродовите за превоз на илегални имигранти кон Европа.
Од почетокот на годината, според податоците на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), на пат кон Европа во водите на Средоземното Море, загинале над 2.600 илегални имигранти.