Денеска за сите пензионери покачување од 621 денар, за младите билет во еден правец

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Продолжува политиката, на владата на премиерот на заминување  Никола Груевски, на купување и вложување во  старите пензионери. Предизборно со нив  повторно обид да  бидат подлажани за да гласаат за Груевски или само за тој што им фрла по нешто. За нив, трошки , за него купишта ,а  за студентите кои се иднината  на државата- странство, коментираат повеќето граѓани од средната класа и родителите на младите чии деца заради бесперспективноста на државата си заминуваат во странство.пензионери

Нашите деца со факултети ќе чмаат во безизлезот ќе учат по руинираните студентски домови , и потоа ќе прибираат денар по денар за да си купат билет во еден правец,  и да си заминат од државата во која иднината се пензионерите, реагираат граѓаните незадоволни од ваквата политика на власта.

А веста е дека денеска на околу 300.000 пензионери ќе им се исплатат пензиите со најавеното покачување од 621 денар. Со овогодинешното покачување просечната пензија ќе достигне 13.085 денари. Ова е покачување за 70 отсто во однос на 2006 година, кога просечната пензија изнесуваше 7.683 денари.

Во октомври 2016 година ќе има ново покачување на пензиите од 650 денари. Средствата за новото покачување се веќе обезбедени со предлог Буџетот за 2016 година, а дали истиот  ќе се полни со нови кредити и задолжувања  нема информација.