Едно лице загина, а девет се повредени во сообраќајната несреќа која се случила сионќа околу 22.30 часот на патот Врање-Прешево, на околу два километра од Бујановац.

Несреќата се случила кога камион со македонски регистарски ознаки се судрил со автобус со регистарски ознаки на Лесковац кој превезувал азиланти од Прешево кон Врање и Белград.
Повредените од кои девет биле со потешки, а осум со полесни повреди, се префрлени во болницата во Врање, објави државната телевизија на Србија, РТС.