Европската комисија ќе го објави извештајот за Македонија на 21 октомври

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Европската комисија за една недела ќе ја одложи објавата на прогрес-извештаите за напредокот во евроинтеграциите на земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската унија, соопшти попладнево портпаролката на  Еврокомисијат,  Маја Коцијанчиќ, јави дописникот на МИА од Брисел.коцијанчиќ

Со тоа, се потврди веста што МИА порано денеска ја објави дека неофицијалната Влада на Унијата ќе ги објави извештаите за напредокот на Република Македонија и останатите земји од процесот на проширување на 21-ви овој месец.

– Ова е првиот пакет за проширување во рамките на новата Еврокомисија на Јункер. Пакетот вклучува среднорочна стратегија по првпат и извештаите за земјите ќе бидат различни во презентацијата отколку во минатото. Постои силен интерес на претседателот и целиот Колеџ на комесари дека пакетот ќе го добие јавното внимание и вниманието на медиумите што го заслужува. Во овој контекст, со оглед на Европскиот совет што ќе се одржи следната недела, а на кој ќе има силен фокус на миграцијата, предност е да се претстават прогрес-извештаите една недела подоцна, за да се обезбеди пакетот да го добие вниманието на медиумите и јавното вниманието што го заслужува- истакна портпаролката Коцијанчиќ во изјава за МИА.

Првото вакво одложување на објавувањето на пакетот со стратегија за проширување на ЕУ, според она што претходно го најави првиот човек на ЕК, Жан-Клод Јункер е во согласност со политиката за замрзнување на приемот на нови членки во Унијата за најмалку пет години.

За Македонија, она што е извесно е дека во прогрес-извештајот ќе има седма последователна препорака од Еврокомисијата за отворање на пристапните преговори за членство во Европската унија, со тоа што би била на некој начин условена со усвојување и усогласување на тјамингот со имплементација на сите точки од политичкио договор од 2 јуни и 15 јули за решавање на политичката криза во земјата. /MIA