Одложен изборот на јавни обвинители – соработници на Катица Јанева

од Vladimir Zorba
105 прегледи

 Советот за јавни обвинители го одложи изборот на обвинители кои ќе соработуваат со Катица Јанева во истрагите поврзани со аферата „Прислушување“.

 janecva

Следната недела официјално ќе се знае тимот на специјалната јавна обвинителка, дали ќе отпаднат некои од предложените кандидати или ќе бидат сите изгласани. Советот ја одложил расправата по оваа точка затоа што се чека прво да се донесе персонален и финансиски план за работа на Специјалното јавно обвинителство. Финансискиоти персонален план ќе биде поднесен до Владата, Советот и Собранието деновиве, по што наредната недела ќе се одлучи за листата од кандидати.