Вонредна! НАТО ја повика Русија да ги запре воздушните напади врз опозицијата во Сирија

од Vladimir Zorba
110 прегледи

НАТО инсистира Русија да ги прекине воздушните напади врз  Сирија. Барањето е испровоцирано од преминот без дозвола на воздушниот простор на Турција, јави  БиБиСи.

нато

Како што претходно соопштивме   руски авион прелетаа над турска територија, а од Москва најавија дека тоа се случило поради грешка во навигација .Рускиот амбасадор во Анкара беше повикан да објасни  за нарушувањето на воздушниот простор на земја-членка на НАТО. Тој доби и “силен  протест” од  турската страна.20151005.irlcvcmywe

Во официјалното соопштение на НАТО 28-те земји-членки предупредуваат за “исклучителната опасност од такво неодговорно однесување” и инсистираат Русија “да престане и да прекине”.

Во интервју за турска телевизија премиерот Ахмет Давутоглу вели дека правилата се јасни за сите кои го  прекршуваат воздушниот простор. “Турските воени сили се со  јасна наредба  . Дури и да е летачка птица, тоа ќе биде пресретната “, рече тој. Давутоглу ја отфрли можноста од настанување на руско-турска криза, бидејќи каналите за комуникација помеѓу двете држави остануваат отворени.

Мислењето на НАТО е изразено по седницата на Советот за безбедност на Алијансата.  “Сојузниците ја  повикуваат Руската Федерација веднаш да  ги прекине нападите против сириската опозиција и граѓаните , да ги  фокусира своите напори на “Исламска држава” и да понуди решение на конфликтот преку политички транзиција “, се вели во соопштението.

НАТО остро простестира  и против навлегувањето во просторот на нејзина земја-членка. “Сојузниците  ја повикуваат руската страна да ги преземе сите мерки такви прекршоци да не се случуваат во иднина”, велат од Алијансата.