Претседателот на здружението на инвалидизирани пензионери од Охрид е осомничен дека фалсификувал потписи за да донесе неколку одлуки во име на здружението.

Според полициското соопштение, 75-годишниот М.П., во својство на претседател на здружението на инвалидски пензионери – Охрид, на годишното собрание одржано во март 2011 година, спротивно на статутот на здружението влијаел да се донесат неколку одлуки, меѓу кои и избор на претседател. Тој поднел лажни податоци за двајца членови и потписници на собранието кои, не биле членови на здружението туку членови на здружението на старосни пензионери. Притоа тој изготвил и со свој потпис и печат заверил документ за одржано годишно собрание и членови на собрание со невистинити податоци
Од увидот во документација од централен регистар за членови на здружението, било констатирано дека член на здружението е лице кое починало во 2009-тата година, што покажува дека пријавениот повторно внел и доставил лажни податоци за членови на здружението.