Клуч за Југохром?

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Министерството за животна средина ќе поднесе предлог до Владата за затворање на Југохром бидејќи не ги испочитувала обврските за монтирање филтри, изјави денеска во Скопје министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири., јави МИА.

 

17752mala

Југохром требаше да се усогласи со Оперативниот план и да добие интегрирана еколошка дозвола, меѓутоа минатата година компанијата не ги исполнила условите, по што Владата и даде можност во октомври, лани, дополнителен рок од две години под услов првите шест месеци да сработи нешто на терен.

– За жал, веќе се поминати два пати по шест месеци, а тие имат изработено нешто на хартија, но на терен ништо. Нашите инспекциски служби кои извршиле увид на терен констатирале дека компанијата нешто започнала околу одобрението и проектот за изградба, кажале дека имаат некои договори за изведбени работи, но на терен ништо не се одвива, ниту еден градежен зафат. Нашиот став е дека ваквите компании кои се несериозни и не ги почитуваат законите треба да се затворат се додека не ги исполнат условите, рече министерот Изаири на новинарско прашање по обраќањето на работилницата „Енергетско моделирање во рамките на климатските промени и СОР 21“.

Тој најави дека тие ќе предложат компанијата да се затвори, а потоа, согласно законот според кој за компаниите кои до април 2014 година немаат добиено интегрирана еколошка дозвола, Владата треба да донесе одлука.

Во компанијата има 1.100 вработени.