Ќе воведат ли пратениците ЦЕНЗУРА ?

од Vladimir Zorba
91 прегледи

 Ние сме против предлог законот на власта за цензурирање на  работа на новинарите и медиумските работници.

Ние сме против цензура врз прес конференциите на една парламентарна партија, и бришење на архиви на медиуми за нешто што официјално било објавено од парламентарна партија зад која стојат гласачи  и граѓани на Република Македонија.

локално.мк

НИе сме против  молк  и цензура на која било,  и особено на пренесување на ставови  на парламентарна партија  сеедно власт или опозиција,   да се бришат архивите  на медиуми и да се предаваат на судот бидејќи тоа е карактеристика само на режимските системи и  држави,  а Македонија е наша и не смее и не може  да биде таква.

Дали предлагачите утре ќе предвидат и стрелање за тие што поинаку мислат од власта, и тоа ли е европракса  и демократија за која се залагаат партиите од  власта и опозицијата?

Дали молкот на меѓународната заедница значи дека го одобруваат прелог законот на владеачките партии?

За Локално.мк ова се коси со јавниот интерес им ги врзува рацете на новинарите и е најмалку што може да се каже  непристотен предлог за која било демократска јавност !

Редакцијата на Локално.мк  е шокирана  од  предлог законот  на владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со кој се предвидува забрана  и особено обработка во иднина  на снимките од „бомбите“ на опозицијата, и нема да ја брише својата архива која е сопственост на редакцијата и на јавноста, и ставовите и нашите размислувања и тие на јавноста и читателите кои секојдневно се на нашата страница.

Се повикуваме не на дневните евтини политики  и на оние кои сакаат по секоја цена да останат на власт со режимки методи,  туку на Уставот на РМ. Во него се наведува:

 

член 16 од Уставотна РМ

Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.
Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.
Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.
Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање.
Цензурата е забранета !!!

Редакција Локално.мк