Од ноќеска почнуваат да важат нови законски обврски за возачите, односно стапува на сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот.

Во сите населени места максимална дозволена брзина ќе биде 50 km/h, а максимална казна за пребрзо возење е 400 евра, како и одземање на возачката од 6 до 12 месеци. Според новиот закон, мора да ги исчистите гумите доколку се приклучувате од земјен пат на асфалт. Ако не го сторите тоа, ќе си платите казна од 100 евра.
Исто така од утре сите деца до 5 годишна возраст мора да се превезуваат во специјално заштитно седиште.
Со измените ригорозни казни се предвидени и за возачите кај кои ќе биде пронајдено поголемо количество алкохол во крвта. Полицијата отсега може да го приведе возачот до 12 часа во станица, а за возилото да повика специјална шлеп служба и сите трошоци за транспорт и паркинг на автомобилот ќе си ги плати возачот кој пивнал повеќе од законски дозволеното.