Уапсен претседателот на кумановскиот суд. Судскиот совет му го одзеде имунитетот

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Во рамките на полициската акција уапсен е и претседателот на Основниот суд во Куманово. Покрај претседателот на судот уапсени се уште 11 лица осомничени за лихварство, изнуди, корупција и други кривични дела.

 

sud

Судскиот совет по одржаната итна седница на барањето на основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, соопшти дека донел одлука  за одземање на имунитет на судија , претседател на основниот суд.

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, потврди дека се води истражна постапка против 12 лица, од кои едно лице се гони за кривично дела злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување, кои ги сторил како носител на висока функција во основниот суд Куманово. Останатите 11 осомничени се гонат за сторени кривични дела злосторничко здружување, лихварство, изнуда и криумчарење мигранти.  За сите 12 лица обвинителството предложило определување мерка притвор.