Пред малку во населбата Ѓорче Петров едно лице се обиде да ја ограби филијалата на Стопанска банка.

Во банката имало една вработена која пријавила дека едно лице со закана од пиштол ја ограбил и побегнал. Полицијата веднаш излегла на терен и успеала за брзо време да го фати крадецот, кој пукал кон нив. Полицајците возвратиле и напаѓачот бил погоден. Со возило на брза помош тој е однесен во болница. Полицијата подоцна најави повеќе информации.