МВР веќе потврди дека во тек е акција во скопско и кумановско против припадници на група осомничена за трговија со дрога и оружје, изнуди и лихварство.
Истовремено, и судскиот совет по одржаната итна седница на барањето на основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, соопшти дека донел одлука за одземање на имунитет на судија , претседател на основниот суд.
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, потврди дека се води истражна постапка против 12 лица, од кои едно лице се гони за кривично дела злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување, кои ги сторил како носител на висока функција во основниот суд Куманово. Останатите 11 осомничени се гонат за сторени кривични дела злосторничко здружување, лихварство, изнуда и криумчарење мигранти. За сите 12 лица обвинителството предложило определување мерка притвор. Уапсените се од Куманово и Арачиново./Telma