Рударите од „Злетово“ и „Тораница“ повторно на штрајк. Побараа Груевски да се заложи за решение

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Рударите од рудниците за олово и цинк „Злетово“ и „Тораница“ бараат од Груевски лично да се заложи за решавање на лошата состојба со која се соочуваат рудниците. Писмото до премиерот беше прочитано на денешниот протест пред управната зграда на „Индоминерали и метали“ во Пробиштип.

rudnik500

Рударите немаат земено плата за август, а велат дека условите за работа во рудниците се крајно влошени.
„Тоа е последица на несериозниот однос на сопственикот, индиската компанија ’Индоминерали и метали‘, кој и покрај многуте дадени ветувања не вложува речиси ништо во набавка на нова современа опрема, во репроматеријали, во заштитни средства и во безбедноста на работните места во јамите. Резултат на тој неодговорен однос е преполовено производство во рудниците и драматично намалена безбедност на рударите.“ пишува во писмото до премиерот.

Рударите се загрижени и дека по последните обилни врнежи од дожд, итно е потребна пунктна станица, во спротивмо рудникот во Добрево може да се поплави.

Рударите почнаа штрајкот пред осум дена и нема да го прекинат намера се’ додека не ја добијат заработената плата и додека не добијат пристојни услови за работа.Двата рудници се животна егзистенција за околу 1000 рудари.