Па имало пара во професијата „Пратеник“. Плата иљадарче, плус едно, друго, трето и најслатките пари се оние плус. Влијанијата и позицијата ,вработувањата и бизнисите плус. А работа само стискаш копче и не мислиш,туку ти кажуваат сега зелено, сега црвено. Ниту острите критики од јавноста, ниту се’ потешката економска ситуација во земјава каде што според статистичките податоци 24,2 проценти од граѓаните се сиромашни, тоа не ги допира пратениците и понатаму да си ги „полнат“ џебовите со надомест за патни трошоци. Тоа им е баш онака екстра заработувачка ако се иземе профитот во присуство на работа во комисиите.

ПАатните трошоци, тие секој месец ги примаат затоа што доаѓале на работа со сопствен автомобил. Последните податоци за надоместоците што пратениците ги примиле за првите пет месеци од годинава и понатаму покажуваат дека од државниот буџет се црпат огромни средства за оваа намена.Никој не ја преправа математиката и пресметките, само се тера приказната дека мора да дојдат на работа во парламентоти тоа мора да им се плати.
„Утрински весник“ побара податоци за тоа колку пари земале дел од пратениците по основ на надоместок на патен трошок за оваа година. Интересот е поголем за оние пратеници кои доаѓаат од другите градови во земјата, бидејќи тие ги прават и најголемите трошоци. Таков надоместок примаат околу 60 пратеници од актуелниот пратенички состав. На списокот што го има „Утрински весник“ ги нема пратениците од опозицијата, бидејќи тие до септември оваа година ги бојкотираа седниците, поради што не им следува ваков надоместок. Во тој контекст мора да се повлече дека вакви високи суми, кои годишно го оптоваруваат собранискиот буџет и повеќе од еден милион евра, за наредните месеци ќе земат и опозициските пратеници, односно оние кои доаѓаат од Струмица, Прилеп, Гевгелија, Струга, Охрид, како подалечни дестинации во однос на Скопје.![5A98BD6DDDDD2F46961F7524BE44FFBA[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/10/5A98BD6DDDDD2F46961F7524BE44FFBA1.jpg)
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој доаѓа од Вевчани за само првите пет месеци од годинава земал 472.371 денари, односно 7,680 илјади евра.
Повеќе од текстот на Утрински весник на следниот линк.