100
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе игра во финалето на АТП турнирот во Пекинг, откако утринава за нешто помалку од два часа го совлада Фабио Фоњини од Италија со 2-0.
Во првиот сет се водеше неизвесна борба, а Шпанецот го освои со 7:5, додека во вториот беше 6:3.
За поранешниот прв светски рекет ова е прво финале на тврда подлога по пауза од 18 месеци. Претходно играше во завршниот меч на турнирот во Мајами 2014.
Противник на Надал во утрешното финале ќе биде подобриот од мечот Новак Ѓоковиќ – Давид Ферер (почеток 13:30 часот).
Турнирот во Пекинг се игра за награден фонд од 3,94 милиони долари./МИА