Поради одрони и свлечишта отежнат и сообраќај по влажни коловози

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Поројните дождови предизвикаа повеќе одрони и прекин  на сообраќајот на реагионалните патишта. Еве ја сликата на проодност според АМСМ и МАКЕДОНИЈА ПАТ:

Odroni-na-putu

ОТЕЖНАТ СООБРАЌАЈ :  Магистралниот пат А – 3 од Мак.Каменица до Делчево поради поројни дождови има одрони на карпи на двете коловозни ленти и сообраќајот се одива отежнато.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради обилни врнежи од дожд локалниот пат с. Ропаљце према с. Никуштак е во прекин.

Продукциската куќа “CHIC FILMS” и  МАНУФАКТУРА ПРОДУКЦИЈА известуваат дека снимањето на францускиот филм “A Fond”, закажано за денес (сабота)  10.10.2015 е откажано и обиколницата околу Скопје ќе биде отворена за сообраќај. Обиколницата околу Скопје повторно ќе биде затворна во понеделник, 12.10.2015.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни  коловози.

 

РАБОТИ НА ПАТ:

 

  • Од АД Гранит известуваат дека поради изведување на градежни работи од 01.09.2015 до 30.11.2015 државниот пат А3, делница Битола – Макази, фаза 1-ва од клучката кај бензинската Лукоил до клучката за с. Ротино, ќе биде затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат Битола – Ресен. Пренасочувањето ќе биде обележано со соодветни сообраќајни знаци, согласно на Основниот сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.

 

  • Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

 

  • На патниот правец А1 Градско – Прилеп од 26.09.2015 се изведуваат работи на пат (машинско гребење на асфалт) од 33 до 38 км. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а ќе се работи во наредните седум дена од 07:00 до 15:00 часот.

 

  • Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

 

  • Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
    – од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
    – и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.