Во Глазгов разнесени со контролирано уривање за седум секунди серија од шест згради, кои се сметаа некогаш за едни од највисоките во Европа.

Илјадници луѓе го набљудуваа спектакуларниот начин на уривање , информира “Мирор”. Се очекува во текот на следните две години место да биде исчистено од остатоците од уривањето. При изградба меѓу 1964 и 1969 година т.н. станбени згради на “црвениот пат “се највисоки од својот вид во Европа со своите 89 метри. Оваа контролирана експлозија е проект на Здружението, поврзана со домувањето, која сака да ја смени позитивно околината и да го модернизира регионот, бидејќи пред тоа тој беше прилично изолиран и се одликувал со гетоизација и зона на висок криминали беззаконие.