Сонот е исклучително важен – не само за вашето ментално здравје, но и за физичкото. Затоа, ако страдате од несоница, треба да најдете начин да се справите со овој непријатен проблем и тоа што е можно побргу.457760b62d35725e246b7d2af7027f20

Причините за недостатокот на сон може да бидат многу или пак комбинација од неколку. Најдобро е да ги послушате следните совети, ако сакате повторно да спиете мирно и долго:

Секој будете се во исто време

Примамливо е да спиете до подоцна за време на викендите, кога немате важни обврски рано наутро – особено ако сонот ви бил лош во работните денови. Убаво е сепак да се будите во исто време секој ден, за да може телото да се привикне кон одреден режим.

Елиминирајте ги алкохолот и стимулансите како никотин и кофеин од секојдневниот живот

Понекогаш влијанието на кофеинот може да трае од неколку часа до еден ден по конзумирањето! Од таа причина има реална шанса кафето што сте го испиле во текот на денот, да влијае на вашиот сон. Кофеинот може да е причина не само за тешкото заспивање, но и за честите будења ноќе. Алкохолот од своја страна би можел да е во затишје во првите неколку часа по неговата консумација, но потоа има сличен ефект како кофеинот. Во случај дека земате лекови, консултирајте се со вашиот лекар дали тие исто така имаат вина за вашата несоница.

Ограничете ги кратките дремки

Ова се наметнува како потреба да се “обучи” вашето тело да се дотера за спиење, кога надвор веќе е темно. Ако сте љубители на кратките дремки во текот на денот, тоа може да го збуни уште повеќе вашиот организам и несоницата ноќе да се зајакне.

Редовно спортувајте

Тренинзите можат да го подобрат квалитетот на вашиот сон, како и неговото времетраење.Избегнувајте сепак да вежбате непосредно пред спиење, бидејќи може да добиете спротивен, несакан ефект. Ако сепак сакате да вежбате после работа, правете го тоа барем три часа пред спиење.

Не јадете и не пијте непосредно пред да си легнете

Храната која се консумира малку пред да одите на спиење навечер, го активира вашиот дигестивен систем и може да го попречи на добриот сон. Многуте течности пред спиење исто така не се препорачуваат, бидејќи честите посети на тоалетот го вознемируваат спокојното спиење.

Фото: Istock

Направете ја вашата атмосфера удобна 

Вашиот сон може да биде попречен од различни нешта – превисока или прениска собна температура, непријатен кревет, звуци. Обрнете внимание на овие детали и потрудете се да создадете максимално удобна атмосфера.

Заборавете на сите грижи, кога ќе си легнете

Обидете се да не мислите за ништо што ве напрегнува. Ако е потребно – направете си список со задачи за наредниот ден, за да не ги размислувате во кревет.

Намалете го стресот

Постојат голем број на релаксирачки третмани и методи, кои би можеле да го намалат стресот, на кој сте подложени. Важно е да се релаксира, како телото, така и вашиот ум пред да легнете во кревет.