Што не знаеме за Шанел (Втор дел)

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Chanel. Модната куќа, која се претвори во амблем и симбол на вечниот стил.6bf0b0ebd4460e008f487a0fb76bcd49

Иновативните идеи на Коко Шанел не само што ги менуваат границите на популарното, но и ги поставуваат едни од трендовите кои со времето се етаблирале како класици.

Секоја жена има во гардероберот мал црн фустан, а панталоната одамна е прифатена како силуета како за мажите, така и за понежните половини.

Долгогодишната историја на модната куќа од создавањето  до денес открива некои интересни факти кои сигурно не ги знаете.

Запознајте се одблизу со Chanel и  најнтересните детали од архивите.

1. Втората светска војна

Четири од вкупно петте бутика на Chanel ги затвораат своите врати во 1945 година поради Втората светска војна. Еден останува отворен за да ги продава додатоците и парфемот, бидејќи биле популарни меѓу војниците, кои минуваат низ градот.

2. Чевлите во две бои

Добро познатите култни чевли во две бои на Chanel се создадени со идејата оптички да ги прават стапалата помали, а нозете – подолги. Пред 1957 година, овој модел не постоел. Коко Шанел работела со чевларот Мосју Масари за создавање на легендарните чевли. Тие се направени со две основни идеи – помали стапала и подолги нозе.

3. Торбата

Моделот торба “Chanel 2,55” е именуван по датумот во кој е претставен за прв пат пред широката публика. Култниот додаток може да изгледа како да е со чудно име, но факт е дека е лансиран за прв пат во февруари 1955 година.

4. Модната куќа

Коко Шанел никогаш не ја поседувала целосно модната куќа Chanel. Нејзиниот бизнис партнер, Пјер Вертејмер ѝобезбедува само 10% од фирмата и по некое време, нејзиниот удел се зголемува, но таа никогаш не била во целосна сопственост на компанијата. До денес, брендот е целосна сопственост на Алан и Жерард Вертејмер кои се потомци на Пјер.

5. Поскапување

Торбата 2,55 на Chanel исклучиво поскапува со секоја наредна година во година. Модната куќа е во состојба даја зголемува постојано цената на додатокот, затоа ако сакате да добиете една, не одложувајте.

Ако сте ја пропуштиле – видете ја првата доза анегдоти тука.