Европратеникот Иво Вајгл утре доаѓа во Скопје. Известувачот за Македонија во Европскиот парламент и посредник во преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за надминување на политичката криза во земјава, ќе дојде лично да се информира за текот на преговорите.

Како што најавил тој ќе има одвоени средби со лидерите на политичките партии но и со специјалната обвинителка Катица Јанева. Според информациите, тој ќе побара да се почитуваат роковите утврдени со Договорот во Пржино и уверен е дека тој целосно ќе се спроведе.