Бројот на милијардери во Кина за прв пат го надминал бројот на милијардери од САД.

Кина сега има 596 милијардери, додека минатата година нивната бројка изнесувала 242. Оваа земја ја надминала Америка, која има 537 милијардери, пренесуваат медиумите од Кина.
На првото место на најбогати луѓе се наоѓа Ванг Џанлин, кој се занимава со недвижнини на берзата, тој поседува околу 34,4 милијарди долари, односно околу 30 милијарди евра. Второто место е за Џек Ма, основачот на гигантот за онлајн продажба Алибаба, тој поседува околу 22,7 милијарди долари (19,8 милијарди евра). На третото место се наоѓа директорот на групацијата Вахаха, Жонг Чингху, со 21 милијарди долари или 18,3 милијарди евра.