Заврши општиот претрес за буџетот за 2016, почнува амандманската расправа

од desk3
85 прегледи

собрание2

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска по четири дена расправа го заврши општиот претрес за Предлог-буџетот за 2016 година. По редовната едночасовна пауза попладне во 15 часот Комисијата треба да почне амандманска расправа.

За Предлог-буџетот за 2016 година се поднесени 418 амандмани, од кои 235 од здружената опозиција, 178 од ДПА, три од ДУИ, еден од пратеничката Роза Топузова Кареска и еден од повеќе пратеници.

Собранискиот деловник предвидува расправа од најмногу 10 дена за новиот буџет во матичната собраниска комисија./МИА