(ГАЛЕРИЈА) Мостот на цвеќето во Шелбрн фолс

од Vladimir Zorba
56 прегледи

Мостовите можат да бидат застрашувачки (особено за луѓето со страв од височина) направени од различни материјали, вклучувајќи и стакло, а можат да бидат претворени и во цветни градини.51bba679fe0bbd9064b741fff5094b4d

Токму таков е мостот на цвеќето, кој се наоѓа во малото село Шелбрн Фолс во Масачусетс, САД.

Тој се издигнува над реката Дирфилд и е покриен со над 500 видови на сезонски цвеќиња. Сите тие беа засадени од локални доброволци кои ја поддржуваат убавата “градина”.

Мостот е изграден од железничката пруга Shelburne Falls & Colrain Street во 1908 година и првично служел како директен пат, по кој се пренесувале тешки товари од едната до другата страна на реката.

Железничкото претпријатие сепак не можело да се справи со растечката конкуренција и на крајот банкротирало во 1927 година.

Тогаш мостот бил напуштен. За две години тој бил обраснат со плевел, но жителите на малото село не сакале да го уништуваат. Тогаш Антоанета Брнхам предложила мостот да биде трансформиран во градина.

Во 1929 година во цветниот мост бил купен за 1250 долари и женскиот клуб во градот ја презел одговорноста да се грижи за неговиот изглед. Традицијата продолжува и до денес.

Посетете ја нашата галерија и видете на каков начин изгледа мостот на цвеќето во Шелбрн Фолс, кој секоја година пречекува илјадници туристи.

Фото: flickr.com