107
Премиерот Мило Ѓукановиќ не ја напушти Црна Гора, соопшти вечерва партијата на премиерот ДПС, негирајќи го опозицискиот лидер АНдрија Мандиќ.
-„Мандиќ своите приврзаници и целокупната јавност ги излажа во момент кога премиерот Ѓукановиќ претседаваше со седницата на Советот за национална безбедност, која се одржува на само 500 метри подалеку од Плоштадот на кој Мандиќ се обиде да ја прошири својата лага“-се вели во соопштението на ДПС.
На тој начин, сметаат од владеачката партија, сакал да ги охрабри своите приврзаници да ги рушат институциите на системот.