Помошник-министер за односи со јавност во МВР, Иво Котевски, ќе биде новиот директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Котевски за Вест потврдил дека заминува на нова функција, но за официјалното негово именување за директор, партијата ќе имала официјално соопштение.
Котевски за директор на Центарот за комуникации на владејачката партија доаѓа на местото на Илија Димовски, кој досега паралелно ја вршеше функцијата и кординатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот, и ја координираше работата на Центарот на ВМРО ДПМНЕ.Местото беше испразнето уште со преземањето на улогата на Димовски на координатор на пратеничката група со смената на Силвана Бонева .Котевски се повлекува на оваа позиција, заради тоа што се очекува и негова смена од позицијата на МВР по назначувањето на новиот министер за внатрешни работи од страна на опозицијата, согласно инплементацијата на договорот од Пржино.
Иво Котевски во МВР е од 2006-та година кога беше назначен за портпарол, а потоа стана и помошник министер во Одделот за односи со јавност. Тој е поранешен новинар. Опозицијата во дел од бомбите објави повеќе телефонски разговори меѓу него и поранешната министерка Гордана Јанкуловска за контроверзни случаи (Мартин Нешковски, Никола Младенов).