Што не знаеме за Луј Витон (Втор дел)

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Сите знаеме како изгледа брендирањето на Louis Vuitton. Сите можеме да го препознаеме култниот монограм, без разлика дали е поставен на чанти, чевли или накит.

Она што не го знаеме сепак, се интересните факти околу модната куќа, кои сигурно заслужуваат исто толку внимание колку и новите предлози за секоја сезона.fe4fba0aff5a17fa7b7c35f80dab6dd1

Има причина Louis Vuitton да е еден од најпосакуваните и најкупувани марки на познатите личности од црвениот тепих.

Ви го претставуваме вториот дел од непознати факти и интересни историски моменти од создавањето на брендот до денес.

1. Модерна уметност

Сосема неодамна брендот ги обедини напорите со некои од најистакнатите современи уметници, како Такаши Мураками, за создавање на нови модели. Се разбира, без да се изгуби култниот монограм.

2. “Сексот и градот”

Една од најомилените серии за сите времиња, “Сексот и градот”, често е обвинувана за поттикнувањето на фалсификатите и нивното купување. Во некоја од епизодите, Кери Бредшо се здобива со реплика на култните чанти.

3. Рекламирање

Ѕвезди како Анџелина Џоли, Мадона и Дејвид Боуви позирале во неколку наврати за рекламните кампањи на Louis Vuitton, но најчуден сигурно останува изборот на Михаил Горбачов за рекламно лице на брендот.

4. Група

Марката е дел од LVMH – група која ги содржи во своето портфолио 70 од најпознатите модни куќи во индустријата, меѓу кои Christian Dior, Donna Karan и Givenchy.

5. Власт

Според рејтинг изданието Forbes, Louis Vuitton е на 14 место меѓу највлијателните брендови во светот.

6. Ах, овој Louis Vuitton

До 2013 година брендот Louis Vuitton бил споменат вкупно 19 пати во песни на Кание Вест.

7. Зад кулисите

Марк Џејкобс беше уметнички директор на модната куќа 16 години – од 1997 година до 2013 година.

8. Нов почеток

Шеф на дизајнот на Louis Vuitton во моментов е Никола Гескиер кој го презеде водството во 2013 година.

Првиот дел интересни факти можете да ги видите тука.