Во Истанбул е откриен центар за обука на деца-џихадисти. Утврдено е дека вкупно 24 од околу 50 осомничени од таџикистанско и узбекистанско потекло, кои биле уапсени во Истанбул за врски со “Исламска држава”, биле поврзани со обуката на деца во истанбулските квартови Пендик и Башакшехир. Тоа го соопштува “Хуриет”, повикувајќи се на информации од весникот “Ватан”.

images

Осомничените обучувале децата, а користеле подруми како кампови за екстремисти.

Осомничените, од кои повеќето Узбекистанци, сим ги предавале на децата основите на идеологијата на “Исламска држава”, како и како да живеат во Исламска држава.

isis-kids

Во август, Исламското движење на Узбекистан, филијала на “Ал Каеда”, базиран во близина на авганистанската граница, положи верност на “Исламска држава”.

Извори од узбекистанската истрага информираат дека над 5.000 платени узбекистански екстремисти се борат во Сирија во редовите на “Исламска држава”.

ISIS-kids-9-e1417937509592-635x357

Турција ги зајакна антитерористичките операции против милитантите на “Исламска држава” во земјата по нападот во главниот град Анкара, во кој загинаа 102 цивили, а стотици други беа повредени.

Во рамките на истрагата за нападот се уапсени 13 осомничени поврзани со “Исламска држава”.

Слични содржини