Бејли: Длабоко сум загрижен за неспособноста на лидерите да постигнат договор

од Vladimir Zorba
101 прегледи

bejli8„Длабоко сум загрижен за неспособноста на лидерите да постигнат договор. Договорите од Пржино се патоказ преку кој се обезбедува одговорност, се подобруваат условите за слободни и фер избори, и ќе се стави крај на политичката криза во Македонија. Потребна е политичка волја за да се договорат останатите прашања од договорот“. Ова на Твитер пред малку го напиша амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли кој од самиот почеток е вклучен во преговорите меѓу партиите.