Алиша Кис и сопругот Суиз Бијтц одлучија да се разделат со зградата во Њу Џерси, која пред две години ја купија од комичарот Еди Марфи.
Поп-ѕвездата и нејзиниот маж бараат 14,9 милиони долари за нивната убава куќа која има осум спални.
Пејачката на хитот “Girl On Fire” и хип-хоп пејачот се здобија со имотот во 2013 и му направија ремонт, па дури изградија и цело едно крило за нивната огромна колекција на уметнички дела.
Според сајтот Zillow.com имотот располага со пространа трпезарија, кино, затворен базен, куглана, професионално студио, фитнес, гаража за пет автомобили и два лифта.
Алиша и Суиз имаат два сина – бебето Џенезис што се роди во декември минатата година, и поголем син, кој се вика Иџипт. Освен тоа Бијтц има син од претходната врска, кој пак се вика Касем.
Разгледајте фотографии од зградата на пејачката и мажот во галеријата.