Двајца браќа од Косово, се последните жртви од регионов на боиштата во Сирија.

ид2-400x260

Идентитетот на браќата не се наведува, а според електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“ двајцата се бореле на страната на исламската држава.

-Сега и офицајлно може да се потврди смртта на двајцата браќа, изјавиле за весникот надлежните косовски служби, додавајќи дека во Сирија двајцата заминале пред повеќе месеци.

Деновиве беше потврдена смртта на Басри Сулејмани од Приштина, кој бил десна рака на лидерот на албанските џихадисти во Сирија, Лавдарим Мухаџери. Тој загинал при бомбардирањата на еден од камповите на ИД во Сирија.

На страната на терористичката ИД се борат над 600 Албанци од Балканот, од нив половината од Косово. До сега од нивните роднини е потврдена смрта на најмлаку 85, од нив педесетина се од Косово, 16 од Албанија, 15 од Македонија и неколку од Јужна Србија и Црна Гора. /МИА

Слични содржини