Вечерва во 2о:20 часот пред куќата на бизнисмен кој живее во соседството на вицепремиерот за евроинтеграции Муса Џафери во скопската населба Топанско Поле е фрлена бомба.

Извори од ДУИ за Телма велат дека нападот нема никаква врска со вицепремиерот.
Полицијата прави увид.
Нема повредени, направена е материјална штета.
Оштетени се прозорците на куќата и патнички автомобил.