Точно на полноќ , по свечената свечената академија за Денот на револуционерната борба , премиерот Никола Груевски испрати сериозни пораки до меѓународната заедница, опозицијата и го повика народот зад себе, на барање на дипломатскиот кор, во Владата се оствари средба со петмина амбасадори на највлијателните држави на ЕУ

– Бевме тука да го изразиме нашиот став до Владата, и нашите гледишта, немам посебна изјава вечерва, само ја изразивме пораката за ургентноста да се најде решение. Ви благодарам, ќе ве информираме во иднина, во зависност од средбата на лидерите, рече амбасадорот на Италија, Ернесто Белели.
Амбасадорите рекоа дека нивна понатамошнаи изјави и соопштенија ќе има во зависност од средбата на политичките лидери ноќеска во Клубот на пратеници.
Груевски го посетија евроамбасадорот Аиво Орав, италијанскиот амбасадор Ернесто Масимо Белели, со замениците на амбасадорите на САД, Холандија и Германија.
Амбасадорите по 50 минутната средба и не кажаа деталите на пренесените пораки, но потенцираа дека тоа е порака од ЕУ , и тоа е ургенстно решение за излез од кризата.
Како што дознава локално.мк на Власта и е потенцирано што значи договорот од Пржино, и што значат последиците за неговото неспроведување и откажување. На Груевски му е посочено како што дознаваме дека одговорноста за сите последици , првенствено за губење на препораката за почеток на преговорите со ЕУ, е на тие кои не ги спроведуваат одлуките и договореното од преговарачкиот процес, а не како што тој им порача од свечената академија дека одговорноста паѓа врз тие (ЕУ) кои нема да ја дадат седмата препорака за Македонија . Амасадорите на Груевски ми ги соопштиле сите солуции.

Посредникот во преговорите Питер Ванхауте на последниот брифинг пред новинарите и граѓанскиот сектор, изјави дека ако за прашањата за кои роковите веќе истекоа не се постигне согласност до Понеделник, преговорите ќе бидат прогласени за пропаднати, Македонија ќе се соочи со меѓународи санкции и изолација, и најверојатно ќе ја изгуби и препораката за почнување преговори за членство во ЕУ.
По средбата со претставниците на дипломатскиот кор , Груевски замина веднаш на ноќната лидерската средба во Клубот на пратеници.