Без договор заврши лидерската средба што почна по полноќ и траеше околу два часа, а на наеа и претходеше исто така полноќна средба со амбасадорите на ЕУ со премиерот Груевски на кого директно му се соопштени сите можни сценарија
Средбата се одвиваше во Клубот на пратеници. Учесниците дојдоа и заминаа со своите автомобили без да дадат никаков коментар.Пред новинарите единствено застана олеснувачот Питер Ванхауте кој соопшти дека е важно што преговорите продолжуваат, и очекува наредната недела преговорите да се интензивираат .
” Се договоривме преговорите да продолжат очекуваме да се интензивираат и да се надминат сите спорни точки , направен е чекор напред за да се продолжи со преговарање за сите точки од договорот од Пржино,, изјави доцна вечерта Ван Хауте кој сепак има резерви околу тоа дали исходот на тие преговори ќе биде позитивен бидејќи и вечерва не е постигнат финален договор.

, Можам да оценам дека имавме корисни разговори ,ќе продолжам со средбите на билатерално ниво бидејќи се покажува дека тоа е покорисно.Потоа ќе закажам и средба во полн состав,изјави Ван Хауте .На средбата биле отворени прашањата за специјалниот јавен обвинител, изборот на министри и нивни заменици како и за законите за бомбите и за заштина на свиркачите.Овојпат, рече Хауте сум делумно оптимист.
На средбата на лидерите на четирите најголеми политички партии беа и евроамбасадорот во земјава Аиво Орав, како и високи претставници на другите амбасади. Никола Груевски беше придружуван од Зоран Ставрески, Мартин Протуѓер и Илија Димовси. Зоран Заев беше со Радмила Шекеринска и Фросина Ременски а засилени беа и тимовите на Али Ахмети и Мендух Тачи.
Претходно во зградата на Владата на РМ се оддржа директна средба на петмина амбасадори претсавници на дипломатскиот кор на чело со евроамбасадорот на ЕУ Аиво Орав амбасадорите на Италија, на Холандија, Германија и САД, со премиерот Груевски, каде на премиерот и,лидер на ВМРО ДПМНЕ директно му е пососчено дека Европската Унија будно ја следи ситуацијата во Македонија. На Груевски му ги посочиле можните сценарија за излез од политичката криза.

– Бевме тука да го изразиме нашиот став до Владата, и нашите гледишта, немам посебна изјава вечерва, само ја изразивме пораката за ургентноста да се најде решение. Ви благодарам, ќе ве информираме во иднина, во зависност од средбата на лидерите, рече амбасадорот на Италија, Ернесто Белели.
Амбасадорите по средбата со Груевски рекоа дека нивните понатамошнаи изјави и соопштенија ќе ги има во зависност од средбата на политичките лидери ноќеска во Клубот на пратеници.
Груевски го посетија евроамбасадорот Аиво Орав, италијанскиот амбасадор Ернесто Масимо Белели, со замениците на амбасадорите на САД, Германија, Франција и Холандија.
Амбасадорите по 50 минутната средба и не кажаа деталите на пренесените пораки, но потенцираа дека тоа е порака од ЕУ , и тоа е ургентно решение за излез од кризата.
Како што дознава локално.мк на Власта и е потенцирано што значи договорот од Пржино, и што значат последиците за неговото неспроведување и откажување. На Груевски му е посочено како што дознаваме дека одговорноста за сите последици , првенствено за губење на препораката за почеток на преговорите со ЕУ, е на тие кои не ги спроведуваат одлуките и договореното од преговарачкиот процес, а не како што тој им порача од свечената академија дека одговорноста паѓа врз тие (ЕУ) кои нема да ја дадат седмата препорака за Македонија . Амасадорите на Груевски мм ги соопштиле сите солуции.
Останува договорот од ноќеска и дали тоа ќе се испочитува со оглед на пораката од говорот на НИкола Груевски пд свечената академија по повод празникот за Денот на револуционерната борба, дека во оваа држава само народот има право да решава и никој друг, и повика на избори кои ќе треба да ја спасат Македонија од сите кои ја загрозуваат во таа борба, а во која опозицијата е алатка за туѓи интереси. Ова е наша земја , ова е Македонија и никој друг освен народот нема да носи одлуки и да решава, порача Груевски.