ССНМ во Битола го претстави колективниот договор за медиумската индустрија

од desk3
127 прегледи

Синдикатот на новинарите и медиумските работници во Македонија (ССНМ), денеска во Битола го претстави предлог колективен договор за медиумска индустрија.

kolektiven-dogovor-

На денешната прес-конференција во Битола, тимот кој го подготвуваше колективниот договор и претседателката на ССНМ Тамара Чаусидис истакнаа дека во изработката на документот биле вклучени новинари, уредници, фоторепортери, сниматели, монтажери ,тонци  и други стручни лица кои низ взаемна поддршка и солидарност овозможиле да се отслика реалната позицијата на вработените во целата медиумска индустрија.

tamara-

– Колективниот Договор е во функција на вработените во медиумите, но и на сопствениците на медиумите, односно работодавачите. Договорот ќе ги штити достоинството, професионалните новинарски права и стандарди, работничките права на вработените и слободата на медиумите во согласност со правилата на Меѓународната федерација на новинари и Етичкиот кодекс на новинарите. Очекувам, рече Чаусидис, сопствениците на медиуми во Битола да го потпишат Колективниот Договор кој е од заеднички интерес.

 

Овој договор е во интерес на сите, и на сопствениците и на новинарите. Вистински газди и сопственици ќе прават висок  профит од квалитетни медиумски производи, а тоа се добива со добро платени новинари и медиумски работници, кои даваат максимум и се кретивни , прават еклсузивни и квалитетни медиумски производи , и стануваат конкурентни на пазарат- тоа е стадардот за добивка за сите ,  за кој се бориме и ни треба вашата поддршка порача потпретседателот на ССНМ Драган Антоновски.

20151024_122557

Новинарската професија и воопшто медиумската работа мора да биде респектирана , ние сите заедно мора да се избориме за достоинството во и за  професијата заклучи Антоновски и мора да покажеме солидарност. Синдикат не е само првомајски протест, каранфили и делење канти сирење, ние синдикалаизмот го разбираме како постојана борба заподобри услови за работа, повискои плати, и достоинство и респект на медиумот кои функционираат секаде во Европа,  за која сите се изјаснуваат  дека ни е единствената цел .

 

Колективен Договор за работниците во медиумската индустрија е донесен во Словенија (1991), во Хрватска (1996), додека во другите држави членки на ЕУ ваквиот документ е традиција и практика од поодамна, беше нагласено на денешната прес конференција на ССНМ во Битола.