Нередите во центарот на Подгорица по демонстрациите организирани од опозицискиот Демократски фронт, траеја до доцна во ноќта. Припадниците на Специјалната антитерористичка единица, ги растерувале демонстрантите и брутално се пресметувале со поединци и групи, пренесува црногорскиот медиум „Вијести“.

podgoritsa

Во Подгорица утринава е мирно. Протестите кои започнале во 19 часот, по неколку часа се претвориле во судир на демонстрантите со полицијата, која со солзавец и шок бомби ги растерувала учесниците. Во градот се слушале и пуктоници.

Според министерството за внатрешни работи на Црна Гора, демонстрантите врз полицијата фрлале камења и молотови коктели.

На улицата „Слобода“ каде што се одржувале протестите, искршени се повеќе излози и три семафори на крстосницата кај хотелот „Хилтон“.

За време на судирите, приведен е и еден од лидерите на опозицијата Андрија Мандиќ, како и пратеникот Славен Радуновиќ.

Во демонстрациите учествувале околу 6.000 луѓе, повредени се 20 полицајци, а 27 граѓани побарале лекарска помош.

Демонстрантите бараа оставка од Владата на Црна Гора и премиерот Мило Ѓукановиќ.

 

МЕТА

Слични содржини