Претседателот на Сирија Башар Асад добил копија од Знамето на победата, што во 1945 г, било развиорено во Берлин над Рајхстагот при поразот на Хитлерова Германија. Знамето и медал “70 години победа” биле врачени на Асад од руски пратеници, кои се во посета на Дамаск, објавија ТАСС. Сирискиот претседател се заблагодарил за високата награда и споделил дека е силно импресиониран од активностите на руската авиогрупа во Сирија. Тој дополнил дека терористите од “Исламска држава” масовно бегаат во Турција заради руските воздухопловни напади.
Истовремено агенцијата Fars истакнува дека авионите на сириската владина армија нанеле серија воздушни напади по позиции на терористите во провинцијата Идлиб. Целта на воздушните напади биле позициите на групата “Џаиш ал-Фатих” во градовите Тамил и Хан Шејхун, а како резултат од нив загинаа најмалку 12 џихадисти.
Исто така 13 екстремисти од групата “Ахрар ал-шам” се ликвидирани при операција на сириската владина армија во регионот Маарет ал-Нума.
