Порталот Нова објавува сомнителни договори поврзани со продажбата на Македонски телеком до кои дошла американската адвокатска компанија „Вајт&Кејс“ во направената истрага. Адвокатската компанија дошла до цел спектар на сомнителни договори и документирала стотици исплати на сметки во Македонија, Грција, Кипар, Швајцарија, САД итн.
Порталот објавува дека станува збор за повеќе од 20 сомнителни договори кои се внимателно евидентирани од страна на Американците, за кои се исплатени околу 24 милиони евра во периодот од пред продажбата на Македонски телекомуникации АД во 2001 година, па сè до почетокот на истрагата во 2006 година.
НОВА ја добила комплетната евиденција за сомнителните договори во аферата Телеком, подготвена од страна на „Вајт&Кејс“, која е преведена и доставена до македонските институции. Сите релевантни податоци ги прикажуваат по хронолошки редослед преку интеракцивен тајмлајн. Покрај познатите компании Чаптекс и Космотелко на Димитрис Кондоминас, потоа Аналитико и Радио рос како блиски до ВМРО-ДПМНЕ, присутни се и договори со оф-шор компанијата Мекартур Лојд Консалтинг, поранешниот градоначалник на Ресен, Димитар Бузлевски, Министерството за култура на Македонија, и многу други.
Повеќе информации за договорите може да добиетена овој линк.