Европските лидери на итната средба во Брисел се ритикуваа еден кон други за справувањето со овогодинешниот прилив на бегалци, на позадината на предупредувања дека континуираната несигурност може да ја загрози с Европска унија, објави The Independent
Набрзина свиканиот состанок на 11 лидери имаше за цел да се справи со масовно бегалски поток низ Балканскиот пат – од источниот Медитеран до богатите земји – членки на ЕУ. Додека зимата се приближува, а некои земји ги затвораат своите граници, Европа ризикува да додаде и хуманитарна ситуација кон својата криза. Словенечкиот премиер предупреди за апокалиптичните последици ако Европа не ја спречи кризата. “Ако не дефинираме конкретни активности, верувам дека Европа ќе почне да се распаѓа”, рече Миро Церар. На состанокот беа дискутирани практични прашања, вклучувајќи заедничко распределба на задачите преку Балканскиот пат кои може да се применат веднаш. Бугарија, Србија и Романија соопштија дека ќе ги затворат границите, ако некои земји ја затворат врата за бегалци, предупредувајќи дека нема да дозволат Балканот да станат “тампон зона” за блокирани бегалци.